вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Охајо се урна мал авион

Во Охајо се урна мал авион

Мал патнички авион кој може да превезе до десет патници изутринава се урна врз автосалон во американската сојузна држава Охајо. Засега нема информации за евентуални жртви.

Патролата на автопатот на државата Охајо го истражува местото на несреќата на авионот Beechcraft 90, лоцирано на улицата Пајк 842 во Мариета.

Авионот бил на пат од Колумбус, Охајо до Паркерсбург, Западна Вирџинија, пред да се урне во 7 часот наутро по локално време. Истрагата е во тек.

Полицијата информира дека уривањето на авионот предвизикало проблеми во сообраќајот и ги повика возачите да го избегнуваат тој дел на градот.

Засега нема други информации. (МИА)