Илјадници луѓе се собраа денеска во центарот на Париз на протест против зголемените трошоци за живот.
Демонстрантите, организирани од левичарските партии и синдикати, побараа повисоки плати, поголемо оданочување на профитот на големите компании и други чекори за ублажување на ефектите од зголемената инфлација.
Демонстрантите ја критикуваа политиката на владата на претседателот Емануел Макрон среде енергетската криза и исто така изразија незадоволство од „климатската неактивност“, барајќи поголеми инвестиции во борбата против климатските промени.
Освен тоа, организаторите на протестите бараат замрзнување на цените на енергијата, основните стоки и кириите и се спротивставуваат на планираните пензиски реформи.