Вонредна состојба е прогласена во поголемиот дел од Флорида поради најавата на метеоролозите дека тропска бура наскоро би можела да го зафати тоа подрачје.
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис прогласи вонредна состојба на брегот на Мексиканскиот залив од Форт Мајерс до Панама Сити, пренесува Си-Ен-Ен.
Има 70 отсто можност до утре да се формира тропска бура, соопшти Националниот центар за урагани.