петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Полска преминале 156 илјади бегалци од Украина

Во Полска преминале 156 илјади бегалци од Украина

Од почетокот на рускиот напад на Украина во соседна Полска преминале 156 илјади украински бегалци. На границата се формирани долги колони, а на украинска страна од премините се чека и по 70 часа, соопшти денеска полската Гранична стража.

Од избувнувањето на војната 156 илјади бегалци пристигнаа во Полска. Ги прифаќаме сите оние кои бегаат од војната. Украинската страна е подготвена да прими помош за оние кои чекаат да ја преминат границата, изјави полскиот заменик-министер за внатрешни работи и администрација Блажеј Побожи.

Портпаролот на Локалната полска гранична стража, Дариуш Шиниецки, изјави дека Полска на сите гранични премини овозможила премин на граничната контрола и пешки, освен на преминот Дорохуск каде што се чека најдолго за влез во Полска.

Полско-украинската граница е долга 535 километри и има шест патни и шест железнички гранични премини. Најмало задржување на бегалците од Украина е на два премини каде за тоа се тие чекаат 20 односно 24 часа.