четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори

Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори

Во Португалија утре ќе се одржат парламентарни избори, каде се преземени дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.

Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на утрешното гласање. Изборната комисија на денешната прес-конференција соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови“.

Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со корона, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација.

Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи.