сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор

Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор

Американските власти воведоа полициски час за оние кои бараат азил додека чекаат првични проверки по преминувањето на границата.

Полицискиот час беше воведен во мај во четири града како алтернатива на притворот, а сега е проширен во уште 13 градови, соопшти Американската служба за имиграција и царина.

Се очекува да биде воведен во 40 града до крајот на септември.

Полицискиот час, кој трае од 23:00 до 5:00 часот, останува на сила до исходот од проверката, односно интервјуто со службениците за азил и евентуално жалбата до судијата за имиграција.

На оние кои ќе поминат обично им е дозволено да ги следат своите случаи на суд без полициски час, додека оние кои нема да успеат се соочуваат со депортација. (МИА)