четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан убиени четири лица

Во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан убиени четири лица

Во самоубиствен бомбашки напад во источната авганистанска провинција Нангархар денеска се убиени најмалку четворица авганистански локални полицајци, потврдија властите.

Повредени се уште 11 лица, меѓу кои и двајца локални полицајци, откако напаѓачот самоубиец активирал возило наполнето со експлозив, насочувајќи го ударот кон командантот на локалната полиција и неговите телохранители.

Портпаролот на провинциската влада изјави дека експлозијата се случила во областа Куз Кунар, позната и како Кева, која е целосно контролирана од владините сили.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, додава агенцијата.

Провинцијата Нангархар, во близина до границата со Пакистан, долго време беше упориште и за Исламска држава и за Талибанците и во неа во изминатите неколку години имаше  жестоки борби. (МИА)