четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Шпанија регистрирано 21 дете со непознат хепатитис

Во Шпанија регистрирано 21 дете со непознат хепатитис

Најмалку 21 случај на акутен хепатитис од непознато потекло кај деца се идентификувани во Шпанија од декември минатата година, објави денеска весникот Ел Паис.

Како што е наведено, 18 пациенти се помали од десет години. На едно дете му била потребна трансплантација на црн дроб, а најмалку пет деца биле примени на одделенијата за интензивна нега.

На 26 април, Светската здравствена организација (СЗО) објави дека активно ги истражува случаите на акутен хепатитис од непознато потекло. Според СЗО, ширум светот се потврдени околу 160 случаи.

Болеста се карактеризира со покачени нивоа на ензими на црниот дроб и во многу случаи гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи абдоминална болка, дијареа и повраќање.