Најмалку 66 лица загинаа во силна песочна бура, проследена со обилни дождови и ветер, која ги погоди северните делови на Индија, а метеоролозите предупредуваат дека денеска се очекува нов удар на бурата.
Ветрот вчера достигна брзина од 109 километри на час, корнејќи дрва и уништувајќи куќи.
Поради бурата, многумина останаа без електрична енергија.
Проблеми имаше и во сообраќајот. Прекинато е обраќањето на возовите, а десетици летови се пренасочени од меѓународниот аеродром во Њу Делхи, бидејќи бурата го погоди и главниот град на Индија, каде што, поради прашина и песок, небото доби кафеава боја.
Индискиот премиер Нарендра Моди, на Твитер изрази жалење поради загубата на човечки животи поради бурата.
Бура и силен ветер се очекуваат и денеска во поголем дел на Утар Прадеш, најнаселена индиска држава.
Најмалку 34 лица загинаа во Утар Прадеш, додека 47 беа повредени. Пет лица ги загубија своите животи во Њу Делхи и неговата околина. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и пет деца, загинаа во источната држава Западен Бенгал.
Во Андра Прадеш животот го загубија 12 лица.
Во слични бури, кои ја погодија Индија, од почетокот на мај повредени се 200 лица во пет држави.