четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Сомалија девет лица загинаа во двоен бомбашки напад

Во Сомалија девет лица загинаа во двоен бомбашки напад

Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа денеска во двоен напад со автомобил-бомба врз Министерството за образование во Могадишу, објавија извори блиски до сомалиските безбедносни сили. Неименуваниот функционер рече дека се пронајдени девет тела, главно цивили, меѓу кои и жени и деца, и додаде дека неколку десетици луѓе се повредени.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Таквите напади ги извршува исламистичката група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Групата е позната по нападите врз сомалиските безбедносни сили, како и врз хотели и други области,  најчесто во главниот град. (МИА)