петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Средоземното Море годинава загинаа 289 деца

Во Средоземното Море годинава загинаа 289 деца

Околу 289 деца ги загубија животите во првите шест месеци од 2023 година обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземното Море, што е значително зголемување, соопштија денеска од ОН.

Оваа бројка е двојно поголема отколку во првите шест месеци од 2022 година, додаде Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ), повикувајќи на воспоставување безбедни хуманитарни коридори кои ќе им овозможат на децата да се засолнат во Европа.

-Бројот на деца кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Средоземното Море во Европа се удвои во првата половина од годината во споредба со истиот период лани. Проценуваме дека на тој начин поминале 11.600 деца во првите шест месеци од годинава, што е двојно повеќе од истиот период лани, рече шефицата за миграција и раселени лица на УНИЦЕФ, Верена Кнаус.

Во првите три месеци од 2023 година, околу 3.300 деца на таа рута – што е 71 процент од вкупниот број – биле без придружба или одвоени од нивните семејства, според УНИЦЕФ. Тоа е три пати повеќе отколку во истиот период лани.