недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Стразбур претепале девојка на улица бидејќи носела здолниште

Во Стразбур претепале девојка на улица бидејќи носела здолниште

Полицијата во францускиот град Стразбур почна истрага по пријавата од девојка дека среде ден била нападната на улица од тројца мажи затоа што носела здолниште.

Според Би-Би-Си, 22-годишната студентка, откако мажите и приговориле дека носи здолниште, од едниот добила удар во лицето, а друг ја навредувал.

Таа навела дека, додека ја држеле двајца мажи, третиот ја удрил со тупаница по лицето, а потоа сите тројца побегнале, како и дека инцидентот се случил пред повеќе од десетина луѓе, но дека никој не реагирал.

Француски весник исто така објави дека две жени биле нападнати вчера во градот Мулхаус затоа што едната од нив била опомената за носење на „прекратко здолниште“.