Тајландската полиција денеска соопшти дека уапсила Италијанец осуден на затворска казна во Италија, бидејќи го користел името на познатиот актер Џорџ Клуни за да ги натера луѓето да инвестираат во неговата непостоечка компанија за облека.
Криминалистичкиот оддел на тајладнската полиција соопшти дека 58-годишниот Франческо Галдели бил уапсен во саботата во Патаја, под сомневање за илегален престој во земјата. Исто така уапсена била и Вања Гофи (45), поради сомневање дека нејзината виза е истечена.
Тајландските власти тврдат дека потерница за Галдели била издадена од меѓународната криминална полиција (Интерпол).
Судот во Милано во 2010 година му одреди на Галдели повеќе од осум години затвор откако беше прогласен за виновен за користење на името на Џорџ Клуни за да измами потенцијални инвеститори.