Унгарскиот Парламент денеска усвои Закон, со кој на истополовите двојки практично им се забранува да посвојат деца.
Со Законот, предложен од Владата на премиерот Виктор Орбан, се дозволува само брачните двојки да можат да посвојат деца, додека на самците тоа ќе им биде овозможено само со посебна дозвола од министерот за семејство.
Во Унгарија не се дозволени истополови бракови.
Унгарскиот Парламент исто така го измени и Уставот, спортед кој семејството се дефинира како заедница помеѓу татко, кој е маж и мајка, која е жена.
Хомосексуалците досега можеа да посвојуваат деца, ако еден од партнерите аплицираше за посвојување на дете како самец.