сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во ураганот Лаура загинаа најмалку 14 лица

Во ураганот Лаура загинаа најмалку 14 лица

Најмалку 14 лица загинаа кога ураганот Лора ги погоди американските држави Луизијана и Тексас како ураган од категорија 4, јави Би-Би-Си.

Брегот на Луизијана, кој е уништен од ураганот, денеска почна да се враќа во нормала, но стотици илјади луѓе сè уште немаат струја и вода.

Како што пренесуваат странските агенции, можно е струја и вода да нема уште неколку недели, па дури и подолго.

Илјадници луѓе, кои ги напуштија своите домови во пресрет на невремето, по враќањето наидоа на куќи без покрив и патишта покриени со урнатини.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја посети областа и ќе ја процени предизвиканата штета.