четврток, 7. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Варшава средба за воспоставување мир на Блискиот Исток

Во Варшава средба за воспоставување мир на Блискиот Исток

Денеска и утре во Варшава се одржува министерска средба посветена на воспоставувањето мир и безбедност во регионот на Блискиот Исток чии домаќини се Полска и САД.

Земјите кои ќе учествуваат на конференцијата ќе ги презентирааат своите оценки и предлози во врска со иднината на регионот. Воспоставувањето безбедност и стабилност на Блискиот исток е приоритет за меѓународната заедница.

Во рамките на средбата ќе се одржат дискусии посветени на тероризмот и екстремизмот, енергетската безбедност и безбедноста на морската трговија, како и за неширењето на ракетните оружја. јт/