сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Велика Британија се препорачува годишно зголемување на старосната граница за продажба на тутун

Во Велика Британија се препорачува годишно зголемување на старосната граница за продажба на тутун

Ревизијата на контролата на тутунот нарачана од британските власти денеска препорача старосната граница за купување тутун во Англија секоја година да се зголемува за по една година за на крајот веќе никој да не може да купува такви производи.

Ревизијата, нарачана од министерот за здравство Саџид Џавид во февруари, препорачува 15 интервенции за да и помогне на владата да ја исполни својата цел за „забрането пушење“ до 2030 година.

Една од неговите централни препораки е „секоја година да се зголемува старосната граница за продажба по една година, од 18 години па нагоре, се додека на крајот никој не ќе може да купи тутунски производ во оваа земја“.