сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Велика Британија се воведува еднократен данок за компаниите за нафта и гас и финансиска помош за сиромашните

Во Велика Британија се воведува еднократен данок за компаниите за нафта и гас и финансиска помош за сиромашните

Британската Влада денеска објави пакет мерки во вредност од неколку милијарди фунти за финансиска помош на домаќинствата со најниски приходи и поради таа причина воведува еднократен данок на дополнителна добивка за нафтените и гасните компании.

Министерот за финансии Риши Сунак најави дека Владата очекува да собере околу пет милијарди фунти (пет милијарди и 871 илјади евра) преку еднократен данок во текот на следната година.

Сунак наведе дека околу осум милиони од најсиромашните домаќинства ќе добијат еднократна државна помош од 650 фунти (763 евра) за да можат да ги платат повисоките сметки за електрична енергија.

Сунак изјави дека еднократниот данок може да ги поттикне компаниите да го реинвестираат својот профит.

Британскиот премиер Борис Џонсон се спротивстави на еднократниот данок, додека Владата претходно најави дека данокот може да ги попречи инвестициите во енергетскиот сектор. Британската Влада е под зголемен притисок, поради зголемување на цената на струјата и на храната.

Претходно оваа недела, беше најавено дека сметките за електрична енергија во Велика Британија од есен може да се зголемат за уште 800 фунти (939 евра) на годишно ниво. Во април годинава инфлацијата достигна девет проценти, што е највисока во изминатите 40 години.