вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во забавен парк им прават ужасни работи на животните: Ова воопшто не е забавно, нехумано е (ВИДЕО)

Во забавен парк им прават ужасни работи на животните: Ова воопшто не е забавно, нехумано е (ВИДЕО)

Новата атракција во кинески тематски парк предизвика гнев кај јавноста бидејќи е исклучително необична и сурова.

Видеото брзо се рашири на кинеските социјални мрежи, но не од добри причини.

Многумина ги осудија водачите на забавниот парк за нехумано постапување со свињи.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека Кинезите фрлаат свиња од банџи надвор од платформата висока 70 метри.

Во видеото се слуша свиња како испушта крици додека е фрлена во бездна. Околу платформата се слушаат навивање и смеа.

Снимките потоа преминуваат на сцената каде животното се гледа скоро во несвест, потоа се одвлекува, а со овој чекор официјално се отвори платформата за скокање.

Извор: Кумановски муабети