Светот денес го одбележува Денот на победа над фашизмот во Втората Светска војна – 9 мај.
Во Москва се одржува традиционалната воена парада, која инаку е најголемата воена смотра во светот по повод овој ден.
Според податоците од руското Министерствот за одбрана, на парадата учествуваат над 12.000 војници, 191 единица воена копнена опрема, како и 76 хеликоптери и авиони. Музичката поддршка е обезбедена од оркестарот на Министерството за одбрана.