среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во знак на протест поради изјава против муслиманите момче му скрши јаце на глава на сенаторот Фрејзер Анинг (ВИДЕО)

Во знак на протест поради изјава против муслиманите момче му скрши јаце на глава на сенаторот Фрејзер Анинг (ВИДЕО)

Aвстралискиот сенатор, Фрејзер Анинг, припадник на екстремната десница, бил погоден со јајце од страна на младо момче, а сето тоа се случило во момент кога Фрејзер давал изјава пред телевизиските камери.

На ова политичарот реагирал силно и го удрил момчето со тупаница.

Момчето го скршил јајцето од неговата глава во знак на протест поради изјавата против муслиманите, после нападот на двете џамии на Нов Зеланд.

Анинг предизвикал полемика бидејќи нападот на Нов Зеланд, го препишал на програмата за имиграција која според него им “овозможувала на муслиманските фанатици да одат на Нов Зеланд”.

“Треба да бидеме јасни. Ако муслиманите денеска се жртви, тие обично се и извршители”, рекол Анинг и додал дека “муслиманската религија е едноставно насилна идеологија на еден деспот од шестиот век кој се маскирал во верски водач”.