петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водител на утринска програма ја прогласи кралицата Елизабета за почината – социјлните мрежи „вриштат“

Водител на утринска програма ја прогласи кралицата Елизабета за почината – социјлните мрежи „вриштат“

Водителот на утринската програма „Добро утро, Британија“ случајно ја прогласи за мртва кралицата Елизабета.

За време на интервјуто на гостинот, домаќинот направи гаф, што можеше скапо да го чини.

– Многу зборуваме за принцот Филип, откако кралицата почина – рече домаќинот во утринската програма.

Му требаа неколку минути да сфати што сторил, или некој од директорот го известил, па тој се извинил за грешката. Водителот рече дека го помешал нејзиното височество со принцот Филип, кој почина на 9 април.

Додека гостинот разговараше, водителот одеднаш го прекина да им се извини на гледачите.

– Извинете, дали можеби да кажам нешто. Мислам дека случајно ја прогласив кралицата за мртва. Секако, мислев на принцот Филип – рече водителот.

Колешката се обидела да го утеши, велејќи дека „гледачите сигурно разбрале што сакал да каже“.

Сепак, дотогаш водителот веќе стана ѕвезда на социјалните мрежи. Гледачите ги споделија своите статуси како луди.