Првата група украински војници пристигна на обука во Велика Британија, соопшти денеска министерот за одбрана Бен Волас.
Обуката е дел од британска програма, чија цел е воено да оспособи до 10.000 нови украински регрути со пакет воена помош од 2,3 милијарди фунти, јави Гардијан.
„Во Велика Британија неодамна пристигна првата ротација на украински војници. Тие ќе посетуваат курсеви засновани на основна воена обука на Велика Британија. Тоа вклучува обука за пожар, прва помош на бојното поле, обука на терен, патролна тактика и запознавање со законите за вооружани конфликти“, се наведува во соопштението на британското Министерство.
За време на посетата на Киев минатиот месец, британскиот премиер Борис Џонсон понуди започнување голема операција со потенцијал за обука до 10.000 украински војници на секои 120 дена, пишуваат британски медиуми. (МИА)