четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА МУНДИЈАЛОТ: Итна евакуација на три трговски центри во град каде што се игра Светското првенство

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА НА МУНДИЈАЛОТ: Итна евакуација на три трговски центри во град каде што се игра Светското првенство

Три трговски центри се итно евакуирани денеска во рускиот град Самара на југозападот на Русија.

Самара е еден од градовите каде што се игра Светското првенство во фудбал, а евакуирани се трговските центри поради закани од бомби, јавуваат локалните медиуми.

Во центрите дошле припадници на службата за вонредни состојби со кучиња трагачи, пренесува Ројтерс.

Заканата била упатена преку телефон.