вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредна состојба во Етиопија по најмасовните протести

Вонредна состојба во Етиопија по најмасовните протести

Етиопските власти воведоа вонредна состојба во земјата по неколкудневните антивладини протести, кои се оценуваат како најмасовни во последниве 25 години.

Во владиното соопштение се посочува дека вонредната сосотјба се воведува со цел да се спречат „убиствата и нападите на етничка основа“.

Етиопскиот министер за одбрана Сарај Фегета синоќа изјави дека вонредната состојба е воведена на период од шест месеци, со можност за еветуално протодлжување за уште четири, но ја исклучи можноста армијата да ја преземе власта во земјата и да биде формирана преодна влада.

Согласно етиопскиот Устав, одлуката за воведување на вонредната состојба во рок од 15 дена треба да ја потврди Парламентот.

Протестите, проследени со насилство, започнаа на почетокот на неделата во провинцијата Оромија со барање за ослободување на политичките затвореници и за итни реформи.

Набрзо по стартот на протестите премиерот Хајлемаријам Дасалан поднесе оставка со образложени дека на тој начин сака да придонесе за забрзување на политичките реформи, но според Фегета, тој засега ќе ќе остане на функцијата.

МИА