четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредна состојба во Нов Јужен Велс поради жештини и пожари

Вонредна состојба во Нов Јужен Велс поради жештини и пожари

Во Нов Јужен Велс, југоисточна Австралија, денеска е прогласена седумдневна вонредна состојба поради рекордно високите температури кои предизвикаа околу сто пожари.

Околу 2.000 пожарникари се обидуваат да ги изгасат пожарите од кои половина се ставени под контрола со поддршка на американски и канадски тимови и припадници на австралиските сили за одбрана.

Претходно, во средината на ноември, исто така беше прогласена вонредна состојба.

Во пожарите досега настрадаа пет лица, изгореа повеќе од 680 куќи и речиси 1,2 милиони хектари шума.

Вчера беше најтоплиот ден во Австралија откако се води статистика. Просечните температури во земјата беа 40,9 степени Целзиусови. Се очекува денеска да биде соборен и овој рекорд.

Топлотниот бран што ја зафати Австралија и густиот чад од пожарите над населените подрачја иницираа бројни здравствени предупредувања, особено за оние кои имаат респираторни проблеми.

– Луѓето треба сериозно да ги сфатат тие услови и да направат се што можат за да се заштитат од жештините, рече Ричард Брум, директор за заштита на животната средина во нов Јужен Велс.