сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

Вооружени лица киднапираа повеќе од 30 луѓе во напад на железничка станица во јужна Нигерија, соопштија денеска полицијата и локалните власти.

Киднапирањата се вообичаени во Нигерија, особено во северозападните и централните делови на најнаселената африканска земја.

Во март 2022 година, вооружени напаѓачи разнесоа дел од железничката пруга меѓу главниот град Абуџа и Кадуна на север. Потоа убија осум лица и киднапираа неколку десетици патници, кои беа пуштени во следните месеци за откуп.

Нападот на железничката станица се случи во саботата вечерта. Напаѓачите отвориле оган пред да ги киднапираат патниците кои го чекале возот.