петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Воздушен напад во близина на преминот Рафа

Воздушен напад во близина на преминот Рафа

Во областа околу преминот Рафа меѓу Газа и Египет е извршен воздушен напад, јави дописникот на Би-Би-Си од Појасот Газа.

Оштетена е зградата од страната на преминот во Газа, како и патот.

Толпа луѓе денеска се собра во Рафа по информациите дека преминот ќе биде привремено отворен за време на краткиот прекин на огнот.

И Израел и Хамас ги негираа тие извештаи, а портпаролот на ОН рече дека нема напредок во целосно повторно отворање.  (МИА)