понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Доктори реанимираат луѓе на улица, 59 загинати во стампедо во Сеул

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Доктори реанимираат луѓе на улица, 59 загинати во стампедо во Сеул

Најмалу 59 луѓе ги загубија животите и 150 се повредени денеска во стампедо во Сеул за време на прослава на Ноќта на вештерките, соопшти јужнокорејската противпожарна служба.

Службата соопшти дека 140 амбулантни возила биле распоредени за да им помогнат на луѓето на местото на настанот.

Агенцијата Јонхап објави дека околу 50 луѓе имале срцев удар во кварт во Сеул, каде неколку илјади луѓе ја прославувале Ноќта на вештерките.

Јужнокорејски медиуми објавија фотографии од луѓе кои лежат на улица додека спасувачките служби им помагаа, а полицијата ја сузбива толпата.