понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вознемирувачко видео: Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќ на вештерките во Чикаго

Вознемирувачко видео: Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќ на вештерките во Чикаго

Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.

-Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата.

Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.

-Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението.