На лекарот Дени Муквеге од Демократска Република Конго и на ирачката активистка Надја Мурад денеска во Осло му беше врачена Нобеловата награда за мир за 2018 година.
Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ги награди Муквеге и Мурад за „нивните напори за ставање крај на сексуалното насилство како оружје во војните и вооружените конфликти“.
Муквеге и Мурад ги обединува борбата за праведност и покрај нивното различно потекло. Сепак, тие се поврзани едни со друг, исто како што се поврзани со секое лице, кое е жртва на сексуално насилство, изјави претседателката на Нобеловиот комитет Берит Рејс-Андерсен.
Муквеге е лекар во болницата во градот Букаву и работи со жртви на сексуално насилство. Во источниот дел на ДР Конго војуваат различни милитантни групи и жените се чести жртви. Муквеги е еден од малкуте лекари, кои изведуваат сложени хирушки операции врз жените жртви на групно сексуално насилство. Тој во 2012 година преживеа обид за атентат во својот дом во Букаву, откако се обратил пред Обединети нации, критикувајќи ги вооружените групи, политичките раководства во ДР Конго и во Руанда и меѓународната заедница дека ништо не преземале против групното силување.
Ќерките на Муквеги беа киднапирани, автомобилот му е запален, а беше пукано и врз неговиот телохранител. Поради тоа Муквеге кратко време живее во егзил во Европа.
Мурад е припадничка на Јазидите, таа беше залажничка на Исламска држава, при што била постојано силувана и подложена на други злоупотреби.