понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Времено затворен аеродромот во Бремен поради безбедносна закана

Времено затворен аеродромот во Бремен поради безбедносна закана

Аеродромот во германскиот град Бремен попладнево е времено затворен за сообраќај поради „безбедносна закана“, соопшти локалната полиција.

Како што јави ДПА, претставник на полицијата изјави дека засега не може точно да се прецизира заканата, но нагласи дека на аеродромот пристигнале полициски кучиња.

Поради затворањето на аеродомот, досега се одложени летовите на два авиони кон Париз и кон Амстердам.

Претставник на аеродромот информира дека засега не е откажан ниту еден лет, но осум полетување најверојатно ќе бидат одложни.

Вчера поради лажна безбедносна закана неколку часа беше блокиран дел од аеродромот во Франкфурт, поради што беа одложени 60 летови со околу 13.000 патници.

(Миа)