петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Врховниот суд на ЈАР побара поранешниот претседател Џејкоб Зума да биде вратен во затвор на дослужување на казната

Врховниот суд на ЈАР побара поранешниот претседател Џејкоб Зума да биде вратен во затвор на дослужување на казната

Врховниот суд на Јужнoафриканската Република пресуди дека предвременото ослободување на поранешниот претседател Џејкоб Зума е незаконско и тој мора да се врати во затвор за да ја отслужи изречената казна за непочитување на Судот.

Зума минатата година беше осуден на 15 месеци затвор, откако ја игнорираше судската наредба да сведочи во врска со владината истрага за широко распространета корупција за време на неговото еднодецениско владеење што заврши во 2018 година.

Тој во септември минатата година беше предвремено ослободен поради здравствени причини, по само два месеци минати во затвор. Врховниот суд во декември го поништи предвременото ослободување на Зума и издаде наредба тој да биде вратен во затвор.

Поранешниот јужноафрикански претседател поднесе жалба против поништувањето на неговото предвремено ослободување, која подоцна беше одбиена.

„Со други зборови, правно Зума не ја отслужил својата казна. Тој мора да се врати во поправниот центар за придружба за да го стори тоа“, се вели во пресудата на Врховниот суд, кој ги отфрли забелешките на Службата за извршување казни дека во текот на разгледувањето на жалбата на Зума му истекла казната.

Судот исто така утврди незаконска била и одлуката за условно привремено ослободување на Зума од здравствени причини.