Втора група џихадисти од терористичката група Исламска држава беа евакуирани во текот на ноќта од нивните упоришта во Дамаск, согласно договорот со сириските власти, соопшти денеска Сирискиот центар за миниторинг на човековите права.
Невладината организација со седиште во Лондон информира дека вчера била спроведена евакуацијата на првата група џихадисти од кампот за палестински бегалци во јужниот дел на Дамаск по стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Сириската Влада не потврди дека постои договор со ИД за евакуација на тие џихадисти.
МИА