петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вуелинг откажа 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал

Вуелинг откажа 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал

Шпанската авиокомпанија „Вуелинг“ денеска откажа 54 летови, откако започна штрајкот на кабинскиот персонал, објавија шпанската новинска агенција Европа Прес и весникот „Ла Вангардија“.
Синдикатот СТАВЛА побара зголемување на платите за 13,4 отсто за кабинскиот екипаж на авиопревозникот со седиште во Барселона.
Кабинскиот персонал ќе штрајкува секој петок, недела и понеделник во периодот од 1 ноември до 31 јануари.

На првиот ден од штрајкот, 466 од 520 планирани летови беа оперативни, објави Европа прес, повикувајќи се на неименувани извори од компанијата.

„Очекуваме дека повеќето летови ќе се одвиваат според планираниот распоред. Оштетените клиенти ќе бидат информирани за алтернативни летови преку имеил“, се наведува на веб-страницата Вуелинг.

Компанијата додава дека ќе им ги врати парите на патниците во текот на следните седум дена доколку тоа го побараат, ќе им најде замена за летот или ќе им го смени билетот за подоцна.