четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вулканот Иџен предизвика здравствени проблеми кај населението

Вулканот Иџен предизвика здравствени проблеми кај населението

Најмалку 30 луѓе побараа лекарска помош поради труење со сулфурен гас откако вулканот Иџен почна да исфрла токсични гасови.

– Повеќе од 170 жители од неколку села во индонезиската провинција Источна Јава се евакуирани. Некои од нив тешко дишеа и повраќаа по ерупцијата на пареа и на гас, изјави портпаролот на локалната Агенција за управување со катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо.

Тој додаде дека се забранети активностите на врвот од планината Иџен, која е позната по своето сулфурно езеро, додека општиот статус на вулканот е нормален.

Вулканот на планината Иџен висок 2.444 метри и е еден од 129 активни вулкани во Индонезија, земја архипелаг со повеќе од 17.500 острови. Последната ерупција на Иџен беше во 1999 година.