вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА НА КАРИБИТЕ, НЕМА СТРУЈА НИ ВОДА: Ерупциите може да траат со недели (ФОТО+ВИДЕО)

ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА НА КАРИБИТЕ, НЕМА СТРУЈА НИ ВОДА: Ерупциите може да траат со недели (ФОТО+ВИДЕО)

Жителите на источниот карипски остров Сент Винсент беа вознемирени денеска од друга ерупција на вулканот Софриере, што доведе до губење на електрична енергија и вода, пренесува Би-Би-Си.

По неколку децении неактивност, вулканот Софриере избувна во петокот, испуштајќи темни облаци пепел на околу 10 км во воздухот, што доведе до евакуација на околу 16 000 луѓе кои живеат во близина.

На жителите на Барбадос, кој се наоѓа на околу 200 километри источно, им беше речено да не излегуваат надвор.

Научниците предупредуваат дека ерупциите може да траат со денови, па дури и со недели.

– Масивен прекин на електричната енергија по уште еден експлозивен настан на вулканот. Молња, грмотевици и татнеж. Поголемиот дел од земјата е без струја и е покриен со пепел – објави во неделата организацијата за управување со итни случаи Немо.

– Не знаеме уште колку време ќе излага. Засега е добро што никој не е повреден, никој не почина – рече премиерот.

Тој ги замоли луѓето да останат смирени, да имаат трпеливост и да продолжат да се штитат од коронавирусот.

Голема врева ги разбуди жителите и во саботата, а еден сведок во главниот град на островот Кингстаун потврди за агенцијата дека вулканот вчера утрото со татнеж продолжил да испушта облаци од пепел.

Видеа од островот покажуваат дека улиците се празни и покриени со магла.

Вулканот, кој последен пат еруптирал во 1979 година, предизвика смрт на повеќе од 1.000 луѓе за време на неговата активност во 1902 година.