четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

За 5.000 евра можете да добиете вечера и фотографија со Барак Обама

За 5.000 евра можете да добиете вечера и фотографија со Барак Обама

Откако замина од функција во 2017 година, популарносата на поранешниот американски претседател Барак Обама на глобално ниво постојано расте.

Имено, во Германија околу 5.000 луѓе досега купиле билети за Самитот на светски челници што ќе се одржи на 4 април. Цените се од 70 до 5.000 евра.

Ако купите од најскапите – можете да присуствувате на вечерата со Обама и за спомен ќе добиете фотографија со него. Станува збор за стотина „златни билети“.

Ако сте заинтересирани, организаторите порачуваат дека се останати уште 15.000 билети.