Владеачките германски демохристијани денеска соопштија дека Авганистан е најголемото фијаско во историјата на НАТО, а канцеларката Ангела Меркел кажа дека одлуката за повлекување на војниците од Авганистан ја донеле САД од внатрешно -политички причини.
-Повлекувањето на американските војници предизвика „домино ефект“ што доведе до пад на авганистанската Влада, пораз на авганистанската армија и преземање на власта од страна на талибанците, рече Меркел на затворениот состанок на претседателството на Христијанско -демократската унија (ЦДУ) ).
Нејзиниот наследник на функцијата претседател нја ЦДУ и кандидат за канцелар на следните избори, Армин Лашет, на средбата кажа дека ситуацијата во Авганистан е „тотално неизвесна“ и крфизазта во оваа земја ја нарече „најголемото фијаско“ во историјата на Северноатлантската алијанса, наведуваат извори од средбата на врвот на ЦДУ.
Меркел предупреди дека настаните во Авганистан може да доведат до нов бран бегалци и нагласи дека фокусот на помошта треба да биде на останување во регионот.
-Многумина ќе се обидат да ја напуштат земјата. Мораме да направиме се што е во наша моќ да им помогнеме на соседните земји да прифатат бегалци, рече Меркел.
Лашет, исто така, нагласи дека „не смее да се повтори 2015 година“, алудирајќи на големиот прилив на бегалци во Германија во таа година, а генералниот секретар на ЦДУ, Пол Зиемијак, рече дека проблемите на Авганистан „нема да се решат со миграција во Германија“.
Меркел на состанокот рече дека е потресена од развојот на настаните во Авганистан.
-За многумина што ги положија своите надежи во напредок и слобода, а пред се мислам на жените, ова се тешки времиња, рече канцеларката.
Владата во Берлин планира од Кабул да евакуира околу 10.000 лица, вклучувајќи локален персонал, адвокати и активисти за човекови права, на кои им се заканува талибанска одмазда.