Вчера во Њујорк на првиот ден од раното гласање на американските претседателски избори се формирале долги редови каде граѓаните чекале со часови за да гласаат.
Ова е прв пат во Њујорк да е овозможено рано гласање за претседателки избори. Илјадници њујорчани побрзале на избирачките места , бидејќи се плашеле нивниот глас да не не биде изброен ако би гласале преку пошта, пренесува весникот „Њујорк тајмс“.