Германски синдикат соопшти денеска дека негови членови утре ќе организираат штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт.
Штрајк ќе биде организиран и на аеродромот во Минхен.
Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација.
Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра за 2,3 милиони вработени во јавниот сектор.
(Миа)