петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Загинаа 32 рудари при одрон во рудник за жад во Мјанмар

Загинаа 32 рудари при одрон во рудник за жад во Мјанмар

Најмалку 32 лица загинаа во свлечиште во рудник за жад во северниот дел на Мјанмар, изјави денеска претставник на локалната противпожарна служба.

Свлечиштето се случи во неделата во планинскиот град Хпакант во државата Качин, изјави Са Тај За од противпожарната служба за Си-Ен-Ен.

Властите ги вратија сите тела на рударите освен еден на нивните роднини. Одронот однел вода во блиското езеро и ги заробил рударите. Мјанмар произведува околу 70 проценти од светскиот жад, а Хпакант е дом на некои од најголемите и најпрофитабилните рудници на тој минерал во светот, вредни милијарди долари.