сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Загинаа шестмина мигранти, меѓу преживеаните бремена жена која се породила во чамец

Загинаа шестмина мигранти, меѓу преживеаните бремена жена која се породила во чамец

Меѓународната организација за миграција соопшти дека кај либскиот брег група од 93 мигранти се спасени, додека шестмина мигранти загинаа.

Преживеаните мигранти се пренесени до пристаниште на околу 120 километри западно од Триполи.

-Меѓу нив е и жена која се породила во чамецот, соопшти канцеларијата на организацијата во Либија и додаде дека според сведочењето на мигрантите, шест лица настрадале.

Хуманитарните организации често го критикуваат тоа што мигрантите се испраќаат во Либија, каде камповите се преполни. Хуманитарни бродови често ги пресретнувас либиската крајбрежна стража, која спасените мигранти ги носи до либиското копно.