Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ако САД се одлучи да и испорача на Украина ракети со долг дострел ќе ја премине „црвената линија“ и ќе стане соучесник во судирот.
– Доколку Вашингтон одлучи да го опреми Киев со ракети со долг дострел, тогаш ќе ја премине црвената линија и ќе стане директен учесник во конфликтот, истакна портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Таа додаде дека Русија го задржува правото на одбрана на својата територија“.
Вашингтон ја снабди Украина со напредни ракети кои можат да погодат цели оддалечени до 80 километри и досега се воздржуваше од јавно објавување дека ќе испрати ракети со двојно поголем дострел. Според американските власти Киев ветил дека нема да користи американски ракети за напад врз руска територија.
По руската инвазија Украина побара и доби големи количини оружје од САД и другите западни сојузници.