среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Закажан состанок на министрите за надворешни работи на БРИКС

Закажан состанок на министрите за надворешни работи на БРИКС

Кинеското МНР денеска соопшти дека преку видео-врска утре ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС.

„На маргините ќе се одржи и дијалог меѓу земјите од БРИКС и министрите за надворешни работи на други земји во развој“, изјави пред медиумите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

БРИКС ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. (МИА)