Во областа Сен Лоран во канадскиот град Монтреал има голем број полицајци, а според некои извештаи станува збор за заложничка драма.
„Ги молиме луѓето да го избегнуваат овој дел од градот. Полицијата во моментот ги проверува информациите и наскоро очекува повеќе детали“, пишува во кусото соопштение.
На видое-снимките кои кружат на интернет се гледа голем број полицајци вооружени со снајпери и пушки вперени во зградата на Убисофт, компанија за производство на видео-игри.
This is happening right now near @UbisoftMTL – @CBCMontreal @CBCTheNational @CTVMontreal @CTVNews @Global_Montreal @LP_LaPresse @LeDevoir pic.twitter.com/ZxiJrAkkbm
— Paul Desbaillets (@pauldesbaillets) November 13, 2020