Западните земји мора да се подготват за долготрајна војна на исцрпување во Украина, предупреди денеска во Вашингтон генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден.
– Мораме да бидеме подготвени на долг рок. Затоа што она што го гледаме е дека оваа војна сега стана војна на исцрпување, изјави Столтенберг. (МИА)