По 168. пат во Минхен денеска започнуа популарниот Октоберфест, светски познатиот фестивал за љубителите на пивото.
Како што налага традицијата, градоначалникот на Минхен првата кригла пиво му ја даде на претседателот на Владата на покраината Баварија, Маркус Зедер, пренесе „АП“.
Голем број жени во шарени фустани и мажи во традиционални баварски кожени панталони чекаа пред капијата за да влезат на фестивалот на пивото.
Се очекува околу шест милиони љубители на пивото да го посетат фестивалот што ќе трае до 6 октомври.
И оваа година цената на пивото е зголемена, па така кригла од еден литар чини 11,80 евра, што е за 30 центи повеќе во однос на минататагодина, пренесуваат локалните медиуми.