Акцијата за спасување на момчињата од пештерата во Тајланд е запрена во наредните 10 часа.
Според гувернерот Наронгсак , кој зборуваше на прес конференција извлечени се четири момчиња и однесени во болницата во чанг Раи со хеликоптери и со амбулантни возила . Во спасувачката акција учествувале 90 нуркачи и тоа 50 од странство и 40 од Тајланд.
Акцијата е прекината , бидејќи на нуркачите им треба одмор по исцрпувачкото извлекување на момчињата. Децатта се во одлична кондиција, вели гувернерот . Најслабите биле извлечени први, а потоа има распоред за извлекување и на останатите .
Првото момче било извлечено во 17.40 часот по локално или во 10.40 часот по средноевропско време. Пред болницата, каде влезот го чуваат војници, се и родителите и најблиските на децата.
Австралискиот доктор кој ги прегледал вели дека децата се во добра здравствена состојба, со оглед на фактот дека првите девет дена во поплавената пештера пиеле само вода.