Глобалната модна компанија „Индитекс“ во чија сопственост е и гигантот „Зара“, ги затвора сите свои 502 продавници во Русија, како реакција на инвазијата на Русија врз Украина.
Од компанијата за Би-би-си изјавија дека подготвуваат стратегија за поддршка на нивните 9.000 вработени во Русија, но дека услугите овој период ќе бидат повлечени.
Покрај „Зара“, „Индитекс“ ги поседува и „Масимо Дути“, „Пул енд Беар“, „Бершка“, „Страдивариус“, „Ојшо“ и „Зара Хоум“, што го прави значително нивното присуство на рускиот пазар.
Исто така и компанијата за онлајн плаѓања, Пејпал ги повлече своите услуги од Русија, во знак на осуда на руската инвазија врз украина. Листата на брендови и компании што се одлучуваат на овој чекор, се повеќе се зголемува.